Сончево со температура до 13 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје слично време, сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во недела ќе има зголемување на облачноста, меѓутоа ќе се задржи стабилно со умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе биде без значителни промени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.