Сончево со температура до 20 степени

Времето денес во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува на повеќе места умерен повремено засилен јужен ветер.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 18 степени.

Во понеделник на повеќе места ќе дува повремено засилен јужен ветер.

Од понеделник попладне до вторник претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни.