Сончево со температура до 30 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во попладневните часови не е исклучено да има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи особено во југозападните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Во среда се уште со услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја, додека во четврток и во петок ќе биде стабилно и потопло. Температурата ќе се искачи до 31 степен.