Сончево со температура до 32 степени

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот е можна појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

И во недела ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, претежно во западните и југоисточните делови. Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со почести врнежи од дожд, на места пообилни, а температурата значително ќе опадне.