Сончево со температура до 9 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 10 до нула, а дневната од два до девет степени.

Во Скопје слично време со температура од минус четири до шест степени.

И во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Во поголем дел од земјата ќе има мала до умерена облачност, а во јужните делови повремено значително облачно.