Сончево со температура до осум степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер.

Температурата ќе се движи од еден до осум степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер.Температурата ќе достигне до пет степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и студено време. Утринските температури ќе бидат ниски, на места ќе се спуштат и под -10 степени. Зголемување на облачноста ќе има в петок и во понеделник.