Сончево со температура до 28 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево, во западните делови со слаб до умерен ветер од југозападен, а во источните од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на умерена облачност.

Минималната темперартура ќе се движи од три до десет степени, а максималната од 23 до 28.

Во Скопје слично време со температура од шест до 26 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса со потекло од африканскиот континент, во следните денови во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и многу топло време за овој период од годината. Најтопло ќе биде во недела и во првите два дена од наредната недела, кога максималните дневни температури ќе бидат значително над просечните и ќе достигнат од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе има висока вредност, седум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.