Денес сончево и многу топло, од недела разладување

Сончево и многу топло време со слаб претежно западен ветер и мала локална облачност во планинските региони, најавуваат метеоролозите за денес.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната температура ќе се искачи до 32, односно до 38 степени.

И во Скопје сончево и многу топло

И во Скопје сончево и многу топло
И во Скопје сончево и многу топло

Во Скопје ќе преовладува слично време. Денес ќе биде сончево и многу топло со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Денес и утре многу топло, од недела разладување

Денес и утре многу топло, од недела разладување
Денес и утре многу топло, од недела разладување

Според најавите, до крајот на неделата ќе се задржи сончево и многу топло време за овој дел од годината.

Позначителна промена на времето проследена со засилен ветер, пад на дневната температура и појава на локален дожд се очекува од недела попладне.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Долж Повардарјето се уште ќе се чувствува северниот ветер повремено со умерен интензитет, а дневните температури ќе бидат пониски за околу шест степени од денешниве, најавуваат од УХМР.

 

Какво ќе биде времето до крајот на овој месец погледнете на следниот линк.