Сончево и топло, попладне можни се краткотрајни врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Попладне, како што јавуваат од УХМР, можна е изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Индексот УВ изнесува 8.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 20 степени Целзиусови степени, а дневната од 27 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, а максималната дневна температура ќе достигне до 37 степени.

Утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

В недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.