сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 55

Сончево и топло време денеска, од утре поројни дождови

soncevo-vreme

Последни вести

Сончево и топло време со слаб југозападен ветер, најавуваат метеоролозите од
Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, температурата низ Македонија во текот ќе се биде од 26 до 32 степени во најтоплите делови од земјата.

Во Скопје ќе преовладува слично време со максимална температура од 31 степен.

Во сабота попладне и во недела ќе биде нестабилно со локален развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи од дожд, на места пообилни, а температурата значително ќе опадне, најавуваат од УХМР.

Најчитани вести