Сончево и топло време со температура до 26 степени

Сончево и топло време не очекува во текот на денешниот ден, со сосема слаб ветер. Наутро минималната температура низ котлините ќе има вредност генерално во границите помеѓу 3°С и 6°С.

Највисоката вредност на дневната температура ќе има вредност во границите од 23°С до 26°С долж повардарието, а во котлините од западниот крај 21°С. Истокот очекува максимална околу 23°С во низините и околу 20°С во повисоките делови.

Во Скопје и околината ќе преовладува сончево и топло време. Минималната температура ќе има вредност околу 4°С, а максималната околу 24°С.