Сончево и топло време со температура до 37 степени

Претпладне времето во Македонија ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во западните планински делови повторно ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 30 до 37  степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

До четврток ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои на повеќе места ќе достигнат 35, а долж Повардарието до 39 степени. Во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност.

Во петок ќе настапи значителна промена на времето кога попладне и во сабота преку денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој во деновите од викендот ќе предизвика значителен пад на температурите.