четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 32

Сончево и топло време, температурата до 33 степени

Претежно сончево време со мала локална облачност која повеќе ќе биде застапена во јужните делови на земјава не очекува во текот на денешниот ден.

soncevo-10-1-31410

Поврзани вести

Претежно сончево време со мала локална облачност која повеќе ќе биде застапена во јужните делови на земјава не очекува во текот на денешниот ден.

Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието ќе има извесно засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во наредните денови следи период на претежно стабилно време со постепен пораст на температурата на воздухот, а кон средината на неделата ќе има услови за локален дожд.

Најчитани вести