Македонија

Сончево и топло време, со умерен северен ветер

Сончево и топло време, со умерен северен ветер

Сончево и топло време со мала до умерена облачност не очекува во текот на денешниот ден.

Како што информира УХМР, попладне, само на крајниот исток ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 30 до 38  степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со повремено засилен ветер, понекаде во Скопската котлина. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

До вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен ветер долж Повардарието. Од среда повторно во попладневните часови времето ќе биде нестабилно.