Сончево и ветровито време, попладне со услови за дожд

Сончево време со умерена облачност не очекува во текот на денешниот ден. Попладне ќе има услови за изолрана појава на слаб дожд и можни ретки врнежи.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец, на моменти ќе достигнува брзина 70км/час.

Минималната температура ќе се движи од 3 до 11, а максималната од 17 до 24 степени.  УВ индексот е 7.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерена облачност, ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец,

Во наредните денови следува период на претежно стабилно, суво и потопло време.

Температурата на воздухот ќе биде во покачување и особено топло ќе биде за време на викендот и на почетокот на наредната недела.