Сончево и ветровито време со температура до 26 степени

Во Македонија денеска ќе имаме претежно сончево и ветровито време со температура до 26 степени.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец, кој попладне ќе го промени правецот во југоисточен. Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 16 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец, но кон крајот на денот ќе го промени правецот во југоисточен. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.