Денес и утре сончево време, од четврток пад на температурите

Сончево време со слаб до умерен североисточен ветер во поголемиот дел од земјава, најавуваат од УХМР. Според метеоролозите, во текот на денешниот ден се очекува во северните делови и на планините попладне да настапи умерена локална облачност.

Исто така, денес повторно имаме и забележителен пад на температурите. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време. Во главниот град се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 32 степена.

Според најавите стабилно време ќе имаме и во текот на утрешниот ден.

Од четврток пад на температурите

По овие два дена кога ќе преовладува претежно сончево време, поради продор на постуден воздух од север од четврток се очекува температурата да биде во опаѓање, а во попладневните часови ќе има локален дожд со ретки грмежи.

Денес и утре сончево време, од четврток пад на температурите
Денес и утре сончево време, од четврток пад на температурите

Според најавите, посвежо време со значително пониски температури од моменталните ќе има до крајот на овој месец.

Посвежо време со пониски температури до крајот на август.
Посвежо време со пониски температури до крајот на август.