Сончево време и во текот на наредните денови

Сончево време со мала до умерена облачност не очекува во текот на денешниот ден. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, додека во западните делови умерен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе искачи до 13 степени.

Во наредните денови стабилно и суво време

Во текот на наредните денови не очекува слично време. Ќе преовладува стабилно и суво време со релативно високи измерени дневни температури коишто се очекува да бидат највисоки кон средината на неделата и да се движат помеѓу 12 и 18 степени.

Во четврток ќе има и услови за појава на утринска магла по одделни котлини.