Македонија

Сончево време со магла по котлините

Сончево време со магла по котлините

Денес не очекува сончево време со услови за утринска магла по одделни котлини. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје слично време со услови за утринска слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

До недела суво и сончево време со пад на температурите

До недела суво и сончево време со пад на температурите
До недела суво и сончево време со пад на температурите

Продолжува период на стабилно, суво и претежно сончево време со услови на слаба магла по одделни котлини. До недела утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните благо ќе опаѓаат. Од утре попладне ќе започне да дува слаб, а за време на викендот умерен северен ветер.