Сончево време со пад на температурата за околу 10 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност и со засилен, а на моменти и силен северен ветер со брзина и над 80 км/час, особено долж Повардарието.

Температурата ќе се движи од 14 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност и со засилен, а на моменти и силен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 19 степени.

Утре поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе дува засилен, а на моменти и силен северен ветер со брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието. Тоа ќе услови значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени. Потоа до сабота ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневната температура, која ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.