Сончево време со слаб ветер

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 14 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температурата ќе достигне до 20 степени.

До сабота ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневната температура. Во четврток наутро и во петок наутро ќе биде значително посвежо со позитивни утрински температури, но на повеќе места блиски до нулата. Од недела ќе има зголемена облачност, повремено засилен ветер и услови за повремен дожд.