Сончево време со температура до 20 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер и температура до 17 степени.

Продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено од недела, кој ќе предизвика благ пораст на утринските температури.

Од понеделник под влијание на потопла воздушна маса во пораст ќе бидат и дневните температури.