Сончево време со температура до 25 степени

Денеска и утре не очекува сончево и многу топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Минималните температури ќе се движат од 1 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 15 односно до 25 степени.

Од понеделник не очекува претежно сончево со локална облачност и посвежо време, а попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со услови за локални врнежи од дожд и температури од 11 до 21 степени.