Сончево време со температура до 35 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево, а во северните делови попладне ќе има мала доумерена облачност и услови за изолирана појава на слаб и краткотраен дожд особено во планинските предели. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура утре ќе се спушти во интервал од 10 до 18, а највисоката дневна ќе се движи од 26 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до околу 15, а дневната ќе достигне до 33 степени.

Од среда продолжува стабилно, суво и потопло време.