Сончево време, со услови за дожд во попладневните часови

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

На одделни места, особено во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а ќе има услови и за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено повеќе услови за врнежи ќе има во југозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветар од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 21 степен, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје слично време со утринската температура од 20 степени Целзиусови, а дневната  31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и топло.