среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

Сончево време со температура до 22 степени

soncevo1

Поврзани вести

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб  ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Стабилно и сончево време со умерена облачност ќе биде и во четврток кога правецот на ветерот ќе се промени во јужен. Утринската температура во четврток ќе се движи од четири до 11, а дневната од 21 до 26 степени.

Во петок попладне и во сабота под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд и појава на грмежи. Ноќта меѓу петок и сабота се очекува врнежите да бидат пообилни особено во западните и во јужните делови од земјата. Во петок дневните температури ќе бидат се уште релативно високи и ќе се движат од 18 до 25 степени, додека во сабота се очекува да опаднат и да се движат помеѓу 14 и 20 степени.

Најчитани вести