Сончево време со температура до 31 степен

Сончево време со умерена облачност и со умерен северен ветер не очекува во текот на денешниот ден.  Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

До крајот на неделата ќе се задржи стабилно време со пораст на дневната температура.