Сончево време со температура до 32 степени

Сончево време со мала до умерена облачност не очекува во текот на денешниот ден. Попладне облачноста во крајните западни делови ќе се зголеми и можни се услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Најтопло ќе биде во недела и во понеделник кога на повеќе места температурата ќе надминува 30 степени. Во недела попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Изолирана појава на нестабилност се уште е можна и во понеделник.