среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 23

Сончево време со температура до 27 степени

Сончево и топло време не очекува и во текот на денешниот ден, а температурата ќе се искачи до 27 степени.

sonce136

Поврзани вести

Сончево и топло време не очекува и во текот на денешниот ден, а температурата ќе се искачи до 27 степени.

Времетo во Македонија ќе биде сончево, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец особено долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Поради сончевото време утре УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во четврток се очекува преодно дестабилизирање со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер претежно од југозападен правец. Утринските температури ќе бидат во покачување, а дневните кои исто така ќе се покачуваат ќе се движат од 23 до 29 степени.

Во петок дневните температури ќе бележат благ пад и ќе се движат помеѓу 21 и 27 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Последно во оваа категорија

Најчитани вести