Сончево време, со температури до 40 степени

Денеска времето ќе биде претежно сончево и топло време, само во крајните источни предели има појава на локална облачност.
Температурите ќе бидат во пораст, утринските ќе се движат од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од 28 односно до 40 степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде висока и ќе има вредност 9, затоа избегнувајте излегување на сонце во периодот од 10 до 17 часот и конзумирајте течности.

Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 38 степени. УВ индекс 9.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.