Сончево време со умерена облачност и температура до 29 степени

Сончево време со мала до умерена облачност не очекува во текот на денешниот ден, а во западните делови ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец кој повеќе ќе биде изразен во западните делови и тоа на планините.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 26 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а повторно во западните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Во почетокот на наредната недела температурата на воздухот ќе има тенденција на опаѓање.