Сончев есенски ден, со температури до 27 степени

Сончево и топло време ќе преовладува на територијата на Македонија, проследено со мала локална облачност.Претпладне во котлините ќе има мала појава на магла.

Утринската температура на територијата на Македонија ќе се движи шест до 14, а дневната од 21 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура од 11 до 25 степени.