Сончево и потопло време со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до нула, а дневната од нула до седум степени.

Во Скопје слично време, сончево и потопло со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во недела од север се спушта нов студен бран кој ќе услови засилен северен ветер, врнежи од снег, а во јужните делови во пониските места прво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа и таму ќе поминуваат во снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а на планините повремено со умерен интензитет и снежната покривка ќе се зголеми за околу 10 сантиметри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.