Сончево и топло со дожд во ноќните часови

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, а доцна попладне и во ноќните часови ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Температурата ќе се движи од 22 до 33 Целзијусови степени.

Во Скопје и околината слично време со температурата до 31 Цезијусов степен.