Сончево и топло со температура до 30 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 19 до 30 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 27 степени.

Од понеделник до четврток времето ќе биде сончево и многу топло. Во четврток попладне се очекува промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.