Сончево и топло со температура до 31 степен

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, особено долж Поварадарието.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15 Целзијусови степени, а дневната од 24 до 31 Целзијусов степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со умерен на моменти и засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12 Целзијусови степени, а дневната ќе се искачи до 29 Целзијусови степени.