Сончево и топло со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне во јужните и западните делови ќе биде променливо облачно со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб доумерен северен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 17 , а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Ќе дува слаб доумерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16 степени, а дневната ќе достигне до 32 степени.

И во среда не очекува слично време. Во јужните и планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Во четврток во попладневните часови ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи. Во петок и за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.