Македонија

Сончево и топло, температурата ќе се искачи до 35 степени

Сончево и топло, температурата ќе се искачи до 35 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а до крајот на денот ќе има локално зголемување на облачноста.

Дневната температура ќе се движи од 29 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде исто така сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 32 степена.