Сончево и топло време денеска, температурата до 19 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло.

Утринските температури се движат од минус четири до четири, а дневните од девет до 19 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 14-от степен.