Македонија

Сончево и топло време денеска, температурата до 25 степени

Сончево и топло време денеска, температурата до 25 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло. Во поладневните часови ќе има услови за локален дожд во крајните западните делови од земјата.

Утринските температури се движат од еден до осум, а дневните од 15 до 25 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 22-от степен.