Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време со утринска температура до два и дневна температура до 13 степени.

Во првиот ден од викендот ќе се задржи сончево време со умерена облачност, а од недела попладне ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи до 18-тиот степен.