Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој на моменти ќе достигнува брзина и до 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

За време на продолжениот празничен викенд времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.