Сончево со мала до умерена облачност

Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Преку денот ќе дува слаб доумерен североисточен ветер во североисточниот дел од земјава.

Утринската температура ќе се спушти од 8 до 16, а дневната од 21 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и со мала доумерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб североисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови се очекува претежно стабилно и суво време. На некои места сеуште е можна изолирана  појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.