Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температурата ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време. Во четврток со преодно наоблачување и умерен северен ветер. Утринските температури во овој период ќе бидат во благ пораст, а дневните ќе бидат без значителни промени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.