Сончево со можности за пороен дожд и грмежи

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Ќе дува умерен, попладне повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 25 до 32 степена.

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Само во понеделник попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Високите температури пропратени со висока релативна влажност на воздухот и понатаму ќе предизвикуваат проблеми околу појава на пламеница и пепелница, што во овој момент ја наметнува најважната работа на земјоделците, а тоа е заштита на културите. Нестабилноста на одредени места и врнежите ќе значат и прекинување или одложување на жетвата која е во тек, а ваквите временски услови веќе предизвикуваат штети на квалитетот на зрното од пченицата, особено на површините на кои веќе има полна зрелост и чекаат за жетва.