Сончево со слаб ветар и температура до 33 степени

Сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од јужен правец ќе преовладува денеска во Македонија.

Температурата ќе се движи од 24 до 33 Целзијусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 31 Целзијусов степен.

Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.