Сончево со слаб ветар

Времето денеска ќе биде сончево, а во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветар од северен правец.

Температурата ќе се движи од шест до 15 Целзијусови степени.

Во Скопје сончево. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата до 13 Целзијусови степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под нула.

Во понеделник попладне ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд