Сончево со температура до 28 степени

Green wheat field at spring under the sun

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло. Преку денот ќе дува слаб, а наместа умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 12, а дневната од 22 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и малку потопло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

За викендов се очекува претежно стабилно, суво и потопло време. Сепак, во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а од средината на наредната недела ќе продолжи затоплувањето, но во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд со грмежи.