Сончево со температура до 33 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 Целзијусови степени, а дневната од 27 до 33 Целзијусови степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 16 Целзијусови степени, а дневната ќе се искачи до 32 Целзијусови степени.

И во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и топло, но сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.