Сончево со температура до 35 степени

Времето во Македонија  ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне, во источните планински подрачја, можна е појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 24 до 35 Целзијусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а попладне е можна  појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 32 Целзијусови степени.

Од вторник повторно се очекува дестабилизација на времето со поројни врнежи од дожд и грмежи и со умерен до повремено засилен јужен ветер.